Забрзано расте бројот на новоинфицирани случаи со Ковид во Струмица. Денеска се регистрирани дури 37, што ја прави Струмица четврт град по новозаразени во државата.
Министерството за здравство информира дека последните 24 часа се направени 5.390 тестирање, а регистрирани се 639 нови случаи на КОВИД-19:• Скопје – 218• Тетово – 113• Гостивар – 99• Струмица – 37• Куманово – 34• Кичево – 32• Битола – 17• Струга – 16• Дебар – 9• Велес и Охрид – по 8• Прилеп ,Кавадарци и Берово – по 6• Штип ,Ресен и Македонски Брод – по 5• Валандово – 4• Кочани – 3• Радовиш и Делчево – по 2• Неготино,Крива Паланка , Виница и Демир Капија – по 1.
Пријавени се 6 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (75г и 76г) и Тетово (53 г и 77г), по едно починато лице од Гостивар (58г) и Битола (79г). Регистрирани сe 22 оздравени пациенти од: • Скопје – 8• Куманово – 5• Тетово – 4• Гостивар – 2• Струмица, Битола и Кочани – по 1.Досега во земјата се направени вкупно 1.039.272 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 159.908 бројката на оздравени пациенти е 150.635, на починати е 5.527, а бројот на активни случаи изнесува 3.746