Заблуда е дека биоразградлвиите ќеси се еколошки. Ова е ставот на Иницијативата за ослободување од еднократна пластика. Оттаму наведуваат дека наместо подобро решение, тие се дополнителен отров за почвата и затоа инсистирањето на нивно користење не е најдобрата опција на приордната средина.
Биоразградливите ќеси се разградуваат под природни услови како што се почва и песок, или пак под специфични услови како што се условите на компостирање или услови на анаеробна дигестија или водени култури, предизвикани од дејството на природни микроорганизми како што се бактерии, мувла и алги, а на крај целосно се разградуваат во јагледот диоксид и метан, вода и минерализирани неоргански соли на елементите што ги содржат.