• Fri. Nov 22nd, 2024

За три години отворени 17 дуални паралелки во струмичките средни училишта

За три учебни години во Струмица се отворени 17 дуални паралелки. По шест во средните училишта Никола Карев и Димитар Влахов и лани прва во гимназијата Јане Сандански во економската струка. Трендот е најавен и за следната учебна година. Општината смета дека на тој начин училиштата ќе производуваат кадар конкурентен на пазаот на трудот.

Директорката на струмичката гимназија, Невенка Стојанова, вели дека главен проблем на трите средни училишта е намалувањето на бројот на ученици. Но, промените во образовните профили се нужни и затоа гимназијата и следната година ќе воведе нова паралелка од дуалното образование.

Општината планира да воведе и бесплатен превоз на учениците од дуалното образование до компаниите со кои училиштата имаат склучено договори, но, тоа ќе се реализира кога општината ќе го добие јавниот превоз со електрични автобуси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *