• Thu. Jan 30th, 2025

За првпат ќе се организира свечена Академија за просветните работници во Струмица

За првпат ќе се огранизира свечена Академија за просветните работници во Струмица. На 24 Мај, денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, ќе се одржи свеченост на која ќе се доделат награди на најдобрите и најистакнати просветни работници. Според најавите на општина Струмица, секое училиште од општината ќе новинира свој кандидат за оваа награда. Во предвид се наставниците кои се издвојуваат со својата работа, иновативност и посветеност.

Градоначалникот Костадин Костадинов во емисијата Vis a Vis рече дека целта е да имс е оддаде посебна почит на наставниците, но и да се слави ликот на учителот.

Предвидено е и коорганизатори да се самите училишта. Секоја година некое училиште ќе биде задолжено за организација на свечената академија како и за програмата за време на Академијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *