• Sun. Nov 24th, 2024

За пет часа казнети 71 возач за возење над дозволената брзина

Вчера СВР Струмица казни 71 возач кој возел со брзина над дозволената. Контролата е вршена на целата територија на СВР Струмица. Во соопштението се наведува дека најмногу казнети има од Струмица.

На 29.01.2023 во периодот од 10.00 до 15.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 71 пречекорување на брзината, од кои 26 на подрачје на Струмица, 17 на подрачје на Радовиш, 15 на подрачје на Валандово и 13 на подрачје на Гевгелија. Во 36 случаи брзината била пречекорена надвор од населено место, а во 35 случаи во населено место. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *