Цените на основните прехранбени производи вртоглаво растат, маржите замрзнати, но струјата го притиска производството. Единствената мерка за малите и средните компании доминантни во производството на храна е субвенционираната струја на регулираниот пазар.
И тие најавија затворање и намалување на обемот на производство преку стопанските комори ако владата идната седмица не испорача конкретни предлози.
Во најновиот “пакет“ ветувања, премиерот ги остави последни. Прво ќе ги дели на важни и помалку важни дејности, а потоа финансиска помош. Ковачевски, не открива детали од преговорите со коморите, но не е поддршувач на идејата за намалување на ДДВ за струја за малите и средни претпријатија до 2 милиони евра промет.
Денеска владата ќе ги носи мерките за најранливите категории граѓани, а синоќа ресорниот министер Бектеши, ги ползувал контактите за набавка на ГАС.
Парно, ќе има и за наредните месеци, но каде бил Бекетеши со контактите на Мицковски, Ковачевски не откри.
Ковачевски се уште се надева на државните резерви на ГАС на Србија со кои ќе се прави струја во ТЕ-ТО за најавената трампа, но и за големите фирми во земјава. Србија не си ги завршила обврските за да може да се финализира договор.
А, српскиот претседател Александар Вучиќ, веќе се впушти во најави за поврзување на гасоводните мрежи на Грција преку Албанија и Бугарија.
И двјаца премиери се надеваат ќе се реализираат приклучоците за непречен доток на овој енергенс преку нашата земја.