За две седмици ќе почне да работи апаратот за магнетна резонанца во струмичката болница. Вакви се најавите од управата на болницата. Директорката, доктор Катерина Кузмановска, вели дека подготовките се при крај и пациентите конечно ќе можат оваа услуга да ја добијат и во матичниот град.