• Fri. Nov 22nd, 2024

За да добие државна работа се изјаснил како Македонец, па Албанец, па Ром

Антикорпциска бара да се укинат вработувањата по етничка припадност бидејќи граѓаните лажат за националноста за да добијат работно место.

Според комисијата, кандидатите лажеле за својата етничка припадност само да го добијат вработувањето. Така, двајца се вработиле и во антикорупциска.

„Еден кандидат аплицира на пет работни места и на три работни места во истиот оглас се изјаснува различно, онака како што се бара во огласот. Еднаш Македонец, па Албанец, па Ром. Другиот кандидат, се изјаснува како Турчин. По проверка на сите податоци, произлегува дека тие се актуелно вработени во јавниот сектор и веќе еднаш се изјасниле за својата етничка припадност,  едниот како Македонец, другиот како Албанец“, изјави Нури Бајрами, член на ДКСК, пренесува Сител.

Од Антикорупциска велат дека тие не се единствени случаи кога кандидатите менуваат етничка припадност за да го добијат работното место. Такви информации имал и директорот на Агенцијата за администрација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *