Bо текот на ноќта на Клиниката за кардиохирургија беше направена втората трансплантација на срце во Македонија. Операцијата заврши успешно во 4 часот утрово, објави „А1он“, а срцето го доби момче на дваесетина години, кое подолго време чекало донор за трансплантација. Донор е помлада девојка која загинала во сообраќајка, а нејзиното семејство дало согласност за донација на органите.
Веста за подготовките за трансплантација ноќеска околу полноќ ја соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, споделувајќи фотографија од медицинскиот тим на Клиниката за кардиохирургија.Во мај минатата година беше извршена првата успешна трансплантација на срце. Срцето на починатата Емилија Динева продолжи да чука во 53-годишниот Иван Огненовски, кој долго време чекаше донор.
ИЗВОР:https://360stepeni.mk/vtora-transplantatsija-na-srtse-izvedena-na-klinikata-za-kardiohirurgija/