Сѐ поизвесно е дека ќе има втор круг на локалните избори и во општина Радовиш. Според обработените податоци на ДИК, засега Ацо Ристов од ВМРО-ДПМНЕ води пред останатите тројца противкандидати. Од 28% обработени резултати, Ристов има освоено 1213 гласови.
Коле Чаракчиев од СДСМ има освоено 827 и актуелниот градоначалник Герасим Конзулов има освоено 621 глас. Независниот кандидат Горан Поцев досега освоил 529 гласови.