Денеска е втор од трите дена предвидени за штрајк на матичните лекари во земјава. Неколку ординации од Струмица со кои контактираше екипата на канал ВИС потврдуваат дека не примаат пациенти и не издаваат рецепти, освен за итни случаи. Но, министерот за здравство со оценка дека протестот не го поддржува мнозинството матични лекари. Според него протестираат само 25% од ординациите.
Според Сали, не станува збор за протест, туку за штрајк со тридневно изразување револт кон политиките на Министерството за здравство.
Протестот на Здружението на приватни лекари започна вчера, а ќе трае и утре. Тие одлучија, преку мирен протест да побараат зголемување на капитацискиот бод, електронско здравство, бришење на дестимулативната скала, зголемување на буџетите за специјалисти и лаборатории и за рурални амбуланти, како и да не се затвораат ординации на лекари кои сакаат да продолжат да работат над 64 години“.