• Fri. Nov 22nd, 2024

Втор ден на жалост за жртвите од автобуската несреќа

Денеска втор ден на жалост за жртвите од автобуската несреќа. Вчера во раните утрински часови се случи несреќата со македонскиот автобус на автопатот „Струма“ во близина на Перник, Бугарија. Загинаа 45 луѓе, а 7 се повредени.

Вчера Владата прогласи тридневна жалост на територијата на целата држава за жртвите од трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија.

За време на деновите на жалост државното знаме на сите институции, како и на дипломатските претставништва на земјава во странство, се истакнати на половина копје, а одложени се сите јавни настани.

Ден на жалост за настраданите во автобуската несреќа денеска е прогласен и во Бугарија и во Косово.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *