• Fri. Nov 22nd, 2024

Втор ден „Бош фестивал“ во Гевгелија

Денеска се одржува вториот дел од програмата на годинешниот 14 по ред „Бош фестивал“ во Гевгелија. Еве ја програмата за вечерва.

САБОТА 27-ми АВГУСТ

Локација: јужен ѕид на ракометното игралиште во Гевгелија

19:30 „Вирус“ – Габриела Стахурска Гошева / Промоција на мурал
Преку муралот авторката ја изразува загриженоста за негативното влијание на дигиталните игри и социјалните мрежи врз младите умови. Целодневното преокупирање со виртуелен свет, постојано зјапање во мали и големи екрани, оддалечување од природниот и реален свет ја ограничува продуктивноста, креативноста и разумното размислување.
Каде го носи „модерниот“ човек оваа масновна зависност?
Габриела Стахурска Гошева родена 1971 година во Полска, живее и работи во Гевгелија. Твори во повеќе медиуми и техники од областа на визуелните уметности, како што се сликарството, вајарството, дизајнот и ѕидното сликарство.

Уметничка галерија Амам

20:00 „За конечноста“ – Иван Кал’чев / Изложба на фотографии
„Заробени во трите димензии. Заробени од кислородот. Ослободени од спознанието“ – вака авторот ја опишува својата изложба составена од 10-11 фотографии.
Иван Кал’чев е роден 1982 година во Скопје. Дипломирал на UNSW отсек фотомедија во Сиднеј, Австралија. Живее и работи во Гевгелија.

Народен театар Гевгелија

19:00 „Цртаме кроки“ – Радмила Гошевска / Работилница за деца
Работилница за деца од 5 до 12 годишна возраст на која ќе се црта кроки цртеж. Ослободувањето на линиите и уметниковата природа кај децата е особена важна за нивниот правилен раст и развој. Цртежите ќе бидат изложени на БОШ фестивалот.

20:00 Групна изложба на млади „БОШ Мегдан“ / селектирани по пат на јавен повик

Кристијан Јордановски е мултидисциплинарен уметник од Скопје, кој активно ја користи техниката на „автоматско цртање“ како основа за поставување граѓа од линии, кои подоцна преку асоцијативно согледување се обликуваат во цртеж. Преку овој процес, давајќи му предност на несвесниот симбол врз свесната идеја, запоставувајќи ја целта или до одреден степен осмислениот, намерен пристап на изразување, Кристијан ни претставува еден процес на игра што започнува слободно и завршува со нужност.

Вера Солевска е студент по графички дизајн и визуелна комуникација на Универзитетот за применета наука Berlin International. Покрај студиите Вера активно експериментира при третирањето на медиумите и изборот на темите во областа на дизајнот и фотографијата, а особено влијание врз нејзината работа има праксата и соработката со берлинското студио за дизајн Ариане Шпаниер. Во рамки на оваа групна изложба Вера ќе се претстави со краток филм, серија од сито-принтови, групни плакати и фотографии.

21:00 „Фијук“ – Саем на независно издаваштво
Саем на мали и самостојни издавачи и излагачи, инициран во Белград, поставен во повеќе земји во регионот, а оваа година го доживува своето 4-то издание во соработка со Фестивалот БОШ и Арт еквилибриум.
Разгледај и купи си оригинален принт, стрип или маица, препознај го и прифати го хаосот, оти само така се создава ред. Со секое купено дело ги поддржуваш малите независни издавачи и регионалната уметност.

22:00 МУЗИЧКА ПРОГРАМА:

Тодор Караколев
Тодор Караколев е пејач-песнописец и електронски продуцент. Создава композиции со силен емотивен набој и луцидна лирика, движејќи се лесно и непредвидливо помеѓу различни стилови на електронската музика: мутант техно, пост-диско, итало

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *