• Fri. Nov 22nd, 2024

Втор Агро саем во Струмица

Домашна произведена зимница, разни чаеви, креми, мед и пчелни производи се најдоа на стотината изложбени штандови на вториот Агро саем во Струмица. Покрај механизацијата и земјоделските продукти, забележливи беа креативните производи на македонските фармери кои велат дека уште слабо заработуваат но имаат верба во иднината на домашното и рачното производство.

Организаторите велат дека идејата е на едно место да се соберат прозиводителите, откупувачите и потрошувачите, со цел да се создадат нови соработки меѓу нив.

Земјоделските здруженија происутни на саемот уште еднаш потенцираа дека од земјоделие може да се живее, но последните децении трудот на земјоделецот го јадат откупувачите и лошата аграрна политика.

Сузана Мицева

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *