Продолжува долгиот период на стабилно, суво и сончево време, повремено со мала до умерена локална облачност. Само утре ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец кој ќе услови краткотрајно да се намалат условите за магла и за ниска облачност по котлините.
Наутро температурите ќе се спуштат до околу, па и под нулата, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 15 степени, само во најтоплите предели истите се очекува да се искачат дури и над 15 степени. Невообичаено топло ќе биде и на повисоките места и на планините, додека во местата со магла и ниска облачност температурите ќе бидат пониски.
За Божиќ и понатаму ќе имаме натпросечно топло време, што значи нема да има снежна бајка и бел Божиќ.