Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално со поинтензивни процеси во форма на невреме.
Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 33 степени.
Во наредните денови под влијание на нестабилна воздушна маса времето ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град