• Mon. Nov 25th, 2024

Вработени во македонски институции минатата недела се јавувале во Бугарија со цел да не се реши спорот, вели Османи

Вработени во македонски институции минатата недела се јавувале во Бугарија со цел да не се реши спорот, вели Османи.

Шефот на дипломатијата, Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите изјави дека лица вработени во македонски институции минатата недела се јавувале во Бугарија со цел да не се реши спорот меѓу двете земји.

Тој не откри за кои лица и институции се работи.

„Оваа недела од Северна Македонија се јавувале во Република Бугарија кажувајќи дека непотребен е целиот тој ангажман затоа што овде ќе се оди брзо на избори, дека ќе има предвремени и дека нема да може ниту да се постигне одредено решение“, рече Османи.

Додека не се тргне бугарското вето, Македонија не може да ги почне преговорите со Европската Унија (ЕУ). 

Бугарскиот премиер Кирил Петков кажа дека сите треба да размислат зошто руската држава инвестирала во својата шпионска мрежа да работи против добрососедството на Бугарија со Северна Македонија. Источарите од двете земји деновиве имаа состанок и разговара за учебниците. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *