Воз прегази две лица на железничката пруга помеѓу Гевгелија и Демир Капија. Несреќата се случила утринава околу 2.20 минути, кога товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Трубарево ги прегазил лицата кои лежеле на пругата. Иако полицијата објави дека се мигранти, не се уште не може да се потврди нивниот идентитет бидејќи немале документи за идентификација.
Од Центарот за управување со кризи во Гевгелија велат дека не е зголемен бројот на обиди за нелегален премин. Засега се во рамките на нормалното за овој период од годината.
Во моментов во транзитниот центар Винојуг има 24 мигранти од повеќе земји.