• Sat. Nov 23rd, 2024

Во Вардар кај Поликастро пронајдено тело на давеник, ќе се испита дали станува збор за исчезнатиот гевгеличанец

Во Вардар кај Поликастро пронајдено тело на давеник, ќе се испита дали станува збор за исчезнатиот гевгеличанец. Од гевгелиската телевизија Нова велат дека денеска побарале информација од ОЈО Гевгелија, во врска со случајот на исчезнувањето на инспекторот во УЈП Гевгелија, Илија Минов.

Истражните органи се соменваат дека е можно да станува збор за 59-годишниот инспектор, Илија Минов. Тој последен пат беше виден во утринските часови на 29 март 2021 година облечен во зелена јакна, плави фармерки, црни кондури и шалче кафеаво со црни риги, а неговиот автомобил беше пронајден на брегот на реката Вардар.

Од страна на ОВР Гевгелија тогаш беа преземени сите расположливи мерки и ресурси за пронаоѓање на телото со вклучување на хеликоптер, кучиња трагачи и нуркачка екипа од специјалната единица на МВР но за жал со негативен резултат. Преку Интерпол за случајот беше известена грчката полиција и сите служби на граничните премини Богородица и Евзони кои исто така беа вклучени во потрагата по исчезнатиот гевгеличанецОЈО Гевгелија информира дека пред три недели од страна на Интерпол било добиено известување дека во Република Грција, во Поликастро, во водите на реката Вардар било пронајдено тело на давеник, кое е можно да му припаѓа на исчезнатиот Илија Минов.

Од страна на неговата сопруга, која веднаш заминала за Поликастро, било извршено препознавање на делови од облеката и обувките, а кои му припаѓале на нејзиниот сопруг, исчезнатиот Минов. Но, како што информираат од ОЈО Гевгелија, за да се утврди дека се работи за Илија Минов, потребно е по меѓународните протоколи, преку нашето Министерство за правда, да се направи споредбена ДНК анализа, за да со сигурност може да се потврди дека се работи за телото на исчезнатиот Илија Минов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *