• Fri. Nov 22nd, 2024

Во Струмица се одржа Собрание на електромашински и сообраќајни струки-професорот Зоран Петков нов член

Во Струмица се одржа Собрание на електромашински и сообраќајни струки. На Собранието најмногу се дебатираше за модуларното и дуалното образование. Кои се предностите, а кои се слабостите од овој тип настава, какви се искуствата од досегашните искуства во училиштата како и изведувањето на практичната настава-учење кај работодавец и феријалната пракса.

Собранието беше изборно. Досегашниот четиригодишен мандат на членовите истече, а се избраа нови членови од сите региони. Од нашиот регион беше избран професорот Зоран Петков од СОУ „Никола Карев“, Струмица. Новостариот претседател на здружението, Драган Јаневски, се заблагодари за досегашната соработка на претседателството, а на потпретседателот Драган Јанков му врачија признание.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *