Литературната манифестација за деца „Средби под јаворите-Видое Подгорец“ се одржа по 21 пат во Струмица и Колешино .
Дводневните активности започнаа во Струмица, со стручно советување за библиотекарите, на тема: „Библиотеките-темел на писменоста“. По третпат се додели и признанието за најдобри библиотекари од училишните и јавните библиотеки „Павлина Цунева-Маказлиева“. Во категоријата училишни библиотеки годинава е наградена Маргарита Филиповска, училишен библиотекар во ООУ „Јан Амос Коменски“, Скопје. Во категоријата јавни библиотеки наградата ја доби м-р Елмедина Абдулахи, виш библиотекар, раководител на Библиотеката „Макс ван дер Штул“ ЈИЕУ, Тетово.