• Fri. Nov 22nd, 2024

Во Струмица 9 нови случаи на Ковид-19

Во Струмица 9 нови случаи на Ковид-19. Во целиот Југоисток се 46. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.654 тестирања, а регистрирани се 868 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 424, Прилеп – 72, Куманово – 42, Битола – 34, Охрид – 31, Тетово – 28, Кавадарци – 27, Неготино – 26, Велес – 21, Гевгелија – 20, Гостивар и Кочани по 15, Штип – 14, Крива Паланка и Крушево по 11, Струга и Берово по 10, Струмица – 9, Валандово и Демир Капија по 8, Богданци – 6, Кичево и Ресен по 5, Пробиштип и Демир Хисар по 3, Радовиш, Македонски Брод и Пехчево по 2 и по еден во Свети Николе, Делчево, Кратово и Дојран.

Регистрирани се и 397 оздравени пациенти од Скопје – 178, Прилеп – 36, Тетово – 20, Гевгелија – 17, Куманово и Струмица по 16, Битола – 15, Велес – 11, Гостивар и Кочани по 8, Берово – 5, Штип и Крушево по 4, Валандово – 3, Ресен, Пробиштип. и Богданци по 2 и по еден во Кавадарци, Струга, Кичево, Дебар, Делчево, Виница, Демир Хисар и Македонски Брод.

Пријавени се вкупно 15 починати лица. Починати се 5 пациенти од Скопје (86г,81г,72г,71г,64г), по 2 пациенти од Тетово (72 и 59 години) и Охрид (78 и 57 години), и по 1 пациент од Прилеп (80), Куманово (71), Штип (64), Кавадарци (65), Битола (73) и Неготино (74). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Направени се 3.654 тестови преку: ИЈЗ-707, ЦЈЗ Скопје-70, Авицена-352, Биотек-362, Жан Митрев (Филип Втори)-201, Систина-311, лабораторија Лаор–259, Судска медицина-52, ЦЈЗ Битола-100, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-4, Синлаб-77, Ремедика-19, лабораторија болница Козле-17 и ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.123.

Досега во земјата се направени вкупно 559.021 тестирања на Ковид-19.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *