На 7 и 9 јули во десетте општини од Југоисточниот плански регион ќе се организира второ прскање против возрасни комарци по земјен пат на површина од 5.376 хектари, соопштија од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.На 7 јули, среда, ќе се прска против комарци од 20 до 4 часот часот во општините Радовиш и Конче.На 8 јули, четврток, прскањето продолжува во општините Ново Село, Босилово, Василево и Струмица.Прскањето завршува на 9-ти овој месец, во општините Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци.Од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат во периодот кога ќе се прска.