Во Србија над 860.000 луѓе примиле две дози вакцина против коронавирус. Досега се извршени 2.169.862 вакцинации, а 861.826 лица примиле две дози од вакцината против коронавирусот, покажуваат најновите податоци на Владата на Србија, објави РТС.
Србија е прва во Европа по бројот на граѓани кои ги примиле двете дози на вакцина на милион жители (126.654). Зад Србија се Малта, Данска, Словенија, Швајцарија, Унгарија и Норвешка.
Врз основа на бројот на граѓани кои ги примиле двете дози на вакцина на милион жители, Србија е седма во светот. Пред неа се Израел, Сејшелите, Обединетите Арапски Емирати, Чиле, Бахреин и САД.
Според бројот на вакцинирани граѓани на милион жители, Србија е втора во Европа, зад Велика Британија и деветта во светот.
Србија е прва во регионот според бројот на вакцинирани на милион жители, како и според бројот на оние кои ги примиле двете дози на вакцината.
извор: Макфакс