На 31.05.2022 во 22.15 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионален пат пред влез на село Баница, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило, кое го напуштило местото и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.А.(32) од село Баница, информираат од СВР Струмица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.А., а со телесни повреди се здобиле возачот и малолетниот сопатник, констатирани во Медицински центар Струмица . Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица и се преземаат мерки за расчистување на случајот.