• Fri. Nov 22nd, 2024

Во Словенија само една доза вакцина за прележани со Ковид-19

Во Словенија само една доза вакцина за прележани со Ковид-19. Според најновата стратегија за вакцинација издадена од словенечката влада, луѓето кои се заразиле со коронавирус ќе добијат само една доза од вакцината против Ковид-19, додека оние кои се заразиле по првата доза, ќе ја добијат втората доза шест месеци по закрепнувањето.

Според таа стратегија, вакцините сега се достапни за родители на деца од ранливи групи и хронично болни деца.

Во исто време, во Словенија продолжува вакцинацијата на лица над 60 години и хронични пациенти над 18 години. Во употреба се вакцините на три различни производители – „Фајзер“, „Модерна“ и „Астразенека“, кои се даваат во две дози на оние кои не се заразиле со коронавирус.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *