Во изминатите 24 часа освен на Инфективната клиника каде е примен еден пациент поради компликации од коронавирусот, во другите ковид – центри во Скопје немаше нови приеми на болни од ковид-19. Од болничко лекуање се отпуштени тројца пациенти. Вкупно 34 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во Скопје, а вкупно 65 во земјата.
Во ковид – центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат двајца пациенти, во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 13 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 19 пациенти. Поголемиот број од болните се на кислородна поддршка.
Во моментов има околу 100 празни легла за болни од ковид-19 во скопските болници, додека во целата земја има околу 550 празни кревети за болни од ковид-19.
Во болницата во Битола се хоспитализирани четири пациенти, во болницата во Штип пет пациенти, на инфективното одделение во Тетово три пациенти, во Велес се лекуваат шест болни, а во Куманово 15 пациенти. Во ковид – центарот во Охрид има хоспитализирано шест пациенти, во Прилеп три, во ковид – центарот во Гостивар осум, а во Струга четири болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се девет пациенти, а во Кичево два.