• Fri. Nov 22nd, 2024

Во сабота „Тортијада“ по 23 пат во Струмица

Нациналниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија-Мобилност во сабота по 23 пат ја организира теадиционалната манифестација „Тортијада“ во Струмица.

Локацијата е Вила парк, со почеток од 20.00 часот.

Од Мобилност велат дека се горди на долгата традиција на манифестацијата на која ќе се натпреваруваат 10 здруженија.

„Главната цел на оваа манифестација е дружбата, забавата, но покрај тоа таа има за цел и да допринесе за подигањето на јавната свест кај останатите грагани  дека и ние лицата со инвалидитет, знаеме, можеме и умееме достојно да се носиме рамо до рамо, со условно наречените здрави луге“, вели Дивна Трајковиќ од Мобилност, Струмица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *