• Fri. Nov 22nd, 2024

Во сабота костенијада во Смоларе-празник на смоларскиот костен

Смоларскиот костен повторно ќе се слави во Смоларе на платото пред патеката што води до Смоларскиот водопад. По две години пауза поради пандемијата со ковид-19 оваа сабота повторно ќе се организира Манифестацијата што го слави костенот.

Смоларскиот костен е на далеку познат. За него има побарувачка и на пазарите но и на откупните центри.

Костенот е големо дрво со бујна голема крошна кое расте брзо и може  да нарасне до 23 метри и да достигне старост преку 500 години. Листовите на костенот се долгнавести петопрсни поставени на долги дршки. Од листовите и лушпите на костенот се произведува шампон. Од стеблото на дрвото се изработуваат мебел и огради. Во Италија од него се прават и буриња.

Костенот доцна цвета, па во есенскиот период е главен извор на полен и нектар за пчелите. Костеновиот мед е многу лековит, помага при гастритис, го штити црниот дроб и придонесува кон подобра циоркулација во организмот.

Плодот на костенот се нарекува исто така костен. Тој е со темно-црвена кафена  боја и со мазна површина, а рaсте во бодликава обвивка која пука во есен кога плодот е зрел.  Едно дрво на костен, годишно може да даде и повеќе од 200 килограми плод. Треба да се прави разлика помеѓу плодовите на дивиот и питомиот костен. Додека питомиот костен е вкусен и е вистински деликатес, дивиот костен не е за јадење, но е лековит и од него во фармацевтската индустрија се приготвуваат креми, тинктури и други медицински препарати.

Плодот на питомиот костен е исклучително хранлив и со право уште се нарекува и “плод на боговите”. Содржи мало количество на масти, а главна состојка е скробот поради што од костенот се прави и брашно. Плодот на костенот содржи витамин Ц, а покрај него во плодот ќе ги најдете и витамините Б1, Б2 и Б6 како и фолната киселина.

Костенот ги пленел луѓето уште од древните времиња. Многу римски писатели и филозофи пишувале за костенот како Плиниј постариот, Вергилиј и Овидиј. Костенот можете да го најдете и во делата на старите грци како Хомер, Ксенофан и Хипокрит.  Колку плодот на костенот бил хранлив, знаеле и Французите кои во средниот век, на сиромашните луѓе им го делеле за време на празникот Свети Мартин. И ден-денес има многу места каде костенот е ценет, па така листот од костен е симбол и главен сувенир на градот Бањалука.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *