• Fri. Nov 22nd, 2024

Видео: Во родното Ѓаково погребан ракометарот Денис Тот

Трагично загинатиот ракометар Денис Тот денеска е погребан во родното Ѓаково. Семејството, пријателите и бескрајна колона луѓе се простија од 28-годишниот ракометар кој минатиот петок почина откако беше претепан, пишуваат медиумите во регионот.

Според извештаите на последното збогување на Тот се собрале голем број познати личности од светот на спортот. Од Ненад Бјелица, Миле Петковиќ, Иво Смоја до Мирослав Бојко и многу други.

Првата вест од Северна Македонија беше дека Тот бил жртва на насилници, подоцна некој објави информација дека се работи за срцев удар, но набрзо на Твитер се појави видео на кое се гледа движењето на хрватскиот ракометар, е објавено во написите на медиумите во соседството.

Според нив, Обвинителството сè уште истражува што довело до насилна смрт во Северна Македонија. Надзорните камери, како што известуваат, доведоа до напаѓачот, двајца се во истражен затвор, а за третиот е распишана потерница.

Се уште не е познат мотивот за нападот, тој не им пружил отпор, како што може да се види на снимката од камерата, анализираат медиумите.

„Тој починал во болница во Скопје, каде што тврделе дека нема видливи траги на насилство. Од утрово КБЦ врши вонреден увид, проверувајќи ги околностите на лекувањето, пишува хрватски Дневник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *