Под покровителсво на општина Радовиш, а во организација на Фолклорниот ансамбл „Китка“, на манастирскиот комплекс „Св.Георгија“ по шестаесетти пат се одржа Меѓународниот фолклорен фестивал „Велигденски средби 2022“.
На фестивалот учество зедоа повеќе од дваесет фолклорни ансамбли и културно-уметнички друштва од Србија, Црна Гора, Бугарија, Косово и од Македонија.
Фестивалот го отвори Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов, поздравувајќи ги сите гости и учесници. Првото место на фестивалот го освои КУД „Етнос“ од Скопје а Гран при наградата припадна на КУД „Абрашевиќ“ од Параќин.