Од утре, па наредните три дена, Радовиш ќе биде домаќин на манифестацијата „Самун ем Татлија“. До втори октомври пред Центарот за култура „Ацо Караманов“ гостите ќе може да ги вкусат традиционалните радовишки мајсторства, но и да уживаат во музичката програма на маекдонските ѕвезди.
Како што е наведено во програмата, на 30-ти септември за дел од забавата ќе
се погрижи Бајабо Бенд, Викторија Бенд и Брас Брадерс. Овогодишната
манифестација ќе биде збогатена со Меѓународниот фолклорен фестивал
„Радовишки собор“.
Наредната вечер, на први октомври ќе настапат Јовче Пандев Бенд, Игор
Џамбазов и Гуру Харе и Ибишеви. Последната вечер пак, гостуваат Ицов и
пријателите, Струмичка тајфа, Екстра бенд и Вукица, Троја и Влатко
Стефановски Трио.
Манифестацијата е под покровителство на Општина Радовиш.
Според организаторите, претходните години, се продавале и по 40 илјади самуни.