Државниот завод за статистика денеска објави дека во периодот јануари-јуни е помала вредноста на договорените и извршените градежни работи во странство.
Според објавените податоци, вкупната вредност на договорени градежни работи во странство изнесувала 129.704 илјади денари, што е за 17,3 проценти помалку во однос на истиот период лани.
Во овој временски период, градежната оператива од земјава извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 67.122 илјади денари што е за 16,9 проценти помалку во споредба лани.