Ќе има уште едно издание на фестивалот „GetEXITed”. Вака најавија на заедничката прес-конференција во Нови Сад градоначалниците на Струмица и Нови Сад, Костадин Костадинов и Милан Ѓуриќ.
На средбата присуствувале и директорот на фестивалот „Exit“, Душан Ковачевиќ и музичката ѕвезда Ана Ѓуриќ – Констракта.
Лани за првпат се одржа фестивалот „GetExitEd“ во Струмица, а беше најавено дека ќе се работи на следни уште поголеми фествалски изданија. Деталите за овогодинешниот фестивал не се познати.