Новата 2023 година пристигна, а први ја дочекаа жителите на островот Лаеин, кој припаѓа на островската држава Кирибати во Тихиот Океан, како и на Самоа.
Кирибати се наоѓа во централниот дел на Тихиот Океан, на околу 4.000 километри југозападно од Хаваите.
Република Кирибати е островска земја чии 33 атоли – корални острови, распространети на повеќе од 1.351.000 квадратни километри во областа околу екваторот.
Земјата припаѓа на земјите од Комонвелтот и има околу 103.000 жители кои живеат во 21 провинција.