Платите на најслабо платените работници во земјава во текот на месец ноември дополнително се намалиле во споредба со месец октомври. Иако намалувањето е минимално, сепак, со растот на трошоците тоа е сериозен удар за граѓаните со ниски примања.
Вообичаено во групата на најслабо платени работници се оние во текстилниот сектор, кај дејности поврзани со производство на мебел и кожа, заштитните дејности…
Еве ја листата на топ пет најмалку платени работници:
Заштитни и истражни дејности – 18.294 денари
Услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата – 20.653 денари
Производство на кожа и слични производи од кожа – 21.764 денари
Производство на облека – 22.821 денари
Дејности за подготовка на оброци и служење на храна – 22.884 денари.
Производство на мебел – 23.430 денари.
Во ноември според ДЗС просечнат аплата била 30.011 денари, додека пак во октомври 30.104 денари.