Иако календарски почна пролетта, сепак снег наврна во Маврово и на Попова Шапка.
Според податоците на УХМР утрово во Маврови Анови се измерени 15 сантиметри нова снежна покривка. На Попова Шапка новата снежна покривка е дебела 10 сантиметри. Во 6 часот утрово најниските температури се измерени на Попова Шапка -4, и во Маврово -2 Целзиусови степени.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено во крајните западни и источни делови, а на планините ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, а наместа повремено засилен ветер од југозападен правец.