• Fri. Nov 22nd, 2024

Во Македонија активни 6.602 случаја на коронавирус

kovid

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.963, бројката на оздравени пациенти е 182.473, на починати е 6.888, а бројот на активни случаи изнесува 6.602.

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 421 нов случај на коронавирус, оздравени се 395 пациенти, а пријавени се осум починати лица, информира Министерството за здравство.

Направени се 2.900 тестирања.

Во текот на изминатите 24 часа починале осум лица: три од Скопје (86, 74, 69) и по едно од Кратово (88), Велес (75), Виница (66), Куманово (64) и Охрид (61). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 6.9.2021 до 28.9.2021 година. Регистрирани се 3 починати лица од Скопје и по едно починато лице од Гевгелија и Битола на возраст од 67 до 94 години. Од пријавените лица, 2 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.333.204 тестирања на Ковид-19.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *