Во уметничката галерија „Круг“ во Крџали, Бугарија, се отвори авторската изложба „Реминисценции“ на македонскиот уметник Марјан Ѕингаров – Ѕин. Ѕин, како автор од Струмица претставува културен мост меѓу двете општини, откако во април градоначалниците потпишаа договор за збратимување.
„Уметноста е независна и вдахнувачка алатка за дијалог, а во рацете на автори како Марјан Ѕингаров, кој во 2022 година го освои Највисокото признание на Општина Струмица во областа на културата и уметноста, има потенцијал да ги сруши сите граници и да изгради мостови и таму, каде сите се убедени дека теренот е непристапен“, се вели во информацијата објаевена во бугарските медиуми.
Ѕин вели дека бил изненаден кога дознал дека двете општини се збратимиле, но, се израдувал бидејќи неговите врски со Крџали се стари. Смета дека уметниците се тие кои треба да ги кршат мразовите меѓу два народи, две култури.