Во изминатите 24 часа е пријавено дека во ковид-центрите во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 835 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
Според извештајот на Министерството за здравство, во болницата во Битола се хоспитализирани 86 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 60 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес се лекуваат 71 болни, а во Куманово 116 пациенти позитивни и суспектни на Ковид- 19.
Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 94 пациенти, во Прилеп 120, во ковид-центарот во Гостивар 38, а во Струга 12 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 71 пациенти, во Кочани 17 во Кичево 17, Кавадарци 73, а во Гевгелија 25 лица, позитивни и суспектни на Ковид-19.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1427 и има околу 270 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти министерството за здравство.
Од таму додаваат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.
Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, потенцираат од МЗ.