Силен земјотрес од 5,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран ноќеска во Грција.
Епицентарот на земјотресот е регистриран на оддалеченост од 26 километри од градот Амфисас, главниот град на префектурата Фокис во Грција.
Засега не се знае колкава штета предизвикал земјотресот и дали има голема материјална штета на домови и повредени.