Денеска, во организација на општина Василево, во с. Градашорци, во дворот на црквата Св. Никола, се одржа манифестацијата Ден на празот. Присутните имаа единствена можност да дегустираат специјалитети од праз и да уживаат во содржини од културно забавен карактер.
На присутните гости им се обрати градоначалникот на општина Василево Славе Андонов а во културно забавниот дел со свои изведби се претставија учениците од двете основни општински училишта „Гоце Делчев“ од Василево и „Атанас Нивичански од Нова Маала како и Културно уметничките друштва „Сушевски бисери“ од с. Сушево и КУД „Цветови“ од с. Дедино.
На оваа традиционална манифестација настаои и македонската група Некст Тајм.