Денеска во Гевгелија почна вакцинација на млади од 12-17 години. Вакцинацијата за нив е со вакцината на Фајзер. Во Гевгелија се пријавели 40 деца за вакцинација. За наив вакцинирањето се закажува со термин преку платформата vakcinacija.mk. На пунктовите за вакцинација има и педијатри за советување, доколку родителите имаат потреба од тоа.
Инаку, вакцинацијата не е задолжителна. Граѓаните и нивните деца се вакцинираат по свој избор. Препораките на Министерството за здравство се за помасовна вакцинација, бидејќи така побрзо ќе се постигне колективен имунитет.