• Fri. Nov 22nd, 2024

Во Гевгелија отворен Конкурс за обука на лични асистенти на лица со попреченост

За воведување на услугата лична асистенција на подрачјата на општините Гевгелија и Богданци, во рамки на Проектот за подобрување на социјални услуги на МТСП, Општина Гевгелија, Општина Богданци и ОО Црвен крст- Гевгелија распишаа Конкурс за пријава на 12 кандидати кои ќе посетуваат тримесечна обука за лични асистенти на лица со попреченост.
            Согласно склучениот Договор за реализација на добиениот грант, трошоците за следење на обуката ќе бидат покриени со средства од МТСП, а патните трошоци ќе бидат покриени со средства од Општините Гевгелија и Богданци. По завршувањето на обуката, со стекнувањето на државно-признат сертификат, личните асистенти ќе бидат ангажирани за давање на услугата во период од 12 месеци, со надоместок за давање на услугата.
            Пријавувањето на кандитатите трае до 6 февруари, 2023 година, во просториите на ОО Црвен крст Гевгелија или со достава на пополнета пријава на е-маилот: gevgelija@redvross.org.mk. Кандидатите треба да ги исполнат следните критериуми: да се државјани на РСМ, полнолетни (над 18 г.), психо-физички способни, со минимум завршено средно образование и да бидат мотивирани за давање на услугата лична асистенција на лица со попреченост.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *