Општина Гевгелија ќе биде домаќин на регионален настан на Министерството за труд и социјална политика за презентација на Вториот повик за доделување грантови за развој на социјални услуги на локално ниво. На настанот кој ќе се одржи утре (вторник, 5 јули, 2022 година), во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 12:00 часот, поканети се да учествуваат НВО-секторот, граѓанските организации и други заинтересирани страни од Југоисточниот плански реион, претставници на Општините од Југоисточниот плански регион одговорни за социјална и детска заштита и локалните медиуми.
Целта на настанот, покрај презентацијата на Вториот повик на Министерството за труд и социјална политика, е да се поттикне интересот меѓу локалните потенцијални даватели на услуги и општините за учество на повикот, истакнување на поддршката која ќе биде овозможена за подготовка на предлог-проектите, претставување на Проектот за подобрување на социјалните услуги како еден од инструментите на поддршка во успешното реализирање на сеопфатна социјална реформа и истакнување на значењето на процесот на децентрализација и улогата на општините и граѓанскиот сектор во градењето одржлив и функционален систем за обезбедување социјални услуги. За наведените цели, свое обраќање ќе имаат претставници од ППСУ.
Имено, Проектот за подобрување на социјалните услуги го имплементира Министерството за труд и социјална политика, поддржан од Светска Банка.