• Thu. Nov 21st, 2024

Во Гевгелија има интерес за трета доза вакцина

Во Гевгелија има интерес за трета доза вакцина, информираат од Општа болница. Доктор Тодорка Окова, задолжена за вакцинација во гевгелиската болница, информира дека голем број граѓани се јавувале за да ја примаат третата доза.

Во моментов трета доза се врши со вакцината на Фајзер без закажување. Препораките на Националниот комитет за имунизација се граѓаните кои се вакцинирани со кинеските вакцини Синовак и Синофарм, трета доза да примаат три месеци по втората доза.

Останатите, кои се вакцинирани со Астра Зенека, Фајзер, Спутник В или друга вакцина, трета доза можат да примаат шест месеци по ревакцинацијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *