Струмица и животот од најстарите материјални траги на ова поднебје до денес се опфатени во монографијата Струмица и струмичко низ просторот и времето. Монографијата зад која стои тимот на Завод и музеј Струмица е сеопфтна и ја го прикажува развојот на културата и цивилизацијата низ вековите.
Промоцијата на ова монографско дело е закажана за в четврток во малиот градски парк. Промотори се историчарот академик Драги Горгиев и поетот Никола Маџиров.