Готови се финалните текстови од коалицискиот договор за формирање влада меѓу четирите партии Промената продолжува (ПП), БСП, ИТН и ДБ. Коалицискиот договор се очекува да биде одобрен до крајот на денот, јави „Бгнес“.
Сегашната верзија на договорот вели дека ќе има 4 вицепремиери, ИТН без вицепремиер, но со 4 министерства.
Премиерот ќе биде од ПП. Партијата ќе предложи вицепремиер и министер за финансии. ПП ќе предложи и министри за образование, здравство, внатрешни работи, одбрана, транспорт, како и министер за раст и иновации и министер за култура.
БСП ќе предложи министер за социјала, вицепремиер и министер за економија, како и министер за земјоделство и министер за туризам.
ИТН и нејзините министри се задолжени за енергетика, надворешни работи, регионален развој и спорт.
ДБ – правда, вицепремиер и министер за животна средина, како и е-влада.