Во август 24 настани во рамки на „Струмица-град на културата“. Изложби, концерти, филмови се дел од месечната агенда.
Титулата „Струмица-град на културата“ градот ја доби на почетокот на месец мај. Струмица учествува со програма вредна над 15 милиони денари. Од министерството за култура се побарани нешто помалку од 3 милиони денари, што е околу 20% од вкупниот буџет.