• Sat. Nov 23rd, 2024

ВМРО ДПМНЕ: Владата дозволи да поскапи маслото за јадење

Владата дозволи маслото да поскапи за 50 денари, народот се соочува со криза, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Од партијата истакнуваат дека масло од ист производител за период од неколку недели од 85 денари се покачи на 134 денари продажна цена во маркетите.

Според ВМРО-ДПМНЕ, покачувањето на цените на маслото е резултат на лошите политики на власта пред сè.

„Доколку на време се обезбедеше суровина за домашните компании, се договореше увоз и квоти, како и да се фиксираа цените, но и да се наполнеа државните резерви, маслото ќе беше на цена како пред кризата. Скапите цени се резултат на лош менаџмент од страна на власта. Неспособноста на власта сега донесе поскапо масло за 60 отсто, поскапо брашно за 40, поскап леб за 110 отсто, поскапи горива за 70 проценти“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека додека цените секој ден се сè повисоки, платите не се зголемиле ниту еднаш. ВМРО-ДПМНЕ порача дека Владата треба да се посвети на решавање на кризата и на реални мерки кои ќе донесат подобар стандард.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *